Дончиќ не го сака Јанис во Лејкерси, причината е Ривс

Една од најголемите одлуки што Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да ја донесат ова лето е што да прават со Остин Ривс.

Се очекува Ривс да се откаже од својот тековен договор и да стане слободен агент, а би можел да заработи сериозни пари од својот следен договор. Сепак, по уште едно разочарувачко издание во плејофот, многу фанови на Лејкерс се отворени за идејата клубот да го продаде младиот играч во подем.

Тие особено би сакале да биде дел од размената за суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо, за кого наводно веќе се разгледуваат понуди за трејд. Сепак, според „Атлетик“, Лука Дончиќ сака да продолжи да игра заедно со Ривс - толку многу што дури и не сака тој да биде вклучен во евентуална размена за грчкиот ас.

Истиот медиум, исто така, пишува дека Лејкерс разгледуваат опции за трејт на Јанис ова лето, што не е големо изненадување, иако останува прашањето дали двократниот МВП воопшто сака да се пресели во Лос Анџелес.