ВИДЕО: Дончиќ настрада во дуел со Вигинс, ама продолжи и поентира!

Кошаркарите на Далас Маверикс го загубија првиот натпревар од конференциското финале против Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ не успеа да го поведе својот тим до нов подвиг, па во Сан Франциско серијата ја отворија со пораз. 

Словенечкиот плејмејкер уште во првата четвртина доби гребаница по целото лице, откако во еден дриблинг налета на раката на Вигинс. Иако беше изгребан, Дончиќ продолжи и поентира за својот тим. 

  • Дуелот на Дончиќ и Вигинс: 

Серијата продолжува со уште една средба во Сан Франциско, а потоа се сели во Тексас.