„Дончиќ мора да биде подобар и да сфати дека повеќе не игра за Далас“

Легендарниот американски кошаркар, Ирвинг „Меџик“ Џонсон, зборуваше со медиумите за новата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ, за кого рече дека „мора да ти оттргне мислите од Далас“. 

Џонсон смета дека Дончиќ има простор за уште поголем напредок во играта, но пријателски го предупреди дека мора да ја сфати големината на дресот за кој настапува. 

„Лука мора да сфати дека ова не е Далас, треба да ги оттргне мислите од таму. Коби Брајант, нека почива во мир, беше наша супер-ѕвезда и предводник на тимот, потоа беше Леброн, а навивачите сега очекуваат тоа да биде Дончиќ. 

Токму во овој сегмент мене нешто ми фали. Не треба ние да му зборуваме да биде во форма, тој е професионален кошаркар, мора самиот да го сфати тоа. Особено кога имате статус на супер-ѕвезда, едноставно мора секогаш да бидете на ниво“, рече Џонсон. 

Откако пристигна во Лос Анџелес, Дончиќ имаше променливи игри, неговата форма постојано варираше, но блесна во првото коло од плеј-офот, каде просечно бележеше 30,1 поен по натпревар. Лејкерси токму во оваа серија ја завршија овогодинешната НБА сезона и беа елиминирани од Минесота со 4-1. 

ФОТО/PHOTO: Los Angeles Lakers/Facebook