ВИДЕО: Дончиќ монструозно заби, па заплака по маестралниот поен на Јокиќ

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ одиграа нов фантастичен натпревар за своите екипи, но на крај мораше да се радува само еден, а тоа беше Србинот, откако самиот со звукот на сирената донесе победа за Денвер Нагетс над Далас Маверикс (100-99). 

Големите ривали на Западот одиграа луд натпревар во „Пепси Центарот“, особено во самиот финиш. Тогаш, Дончиќ ја грбна топката и тргна во напад за победа на Далас,  а по неверојатен дриблинг успеа преку двајца монструозно да забие за водство на тимот од Тексас. Но, на Јокиќ му требаа само неколку секунди за да ја покаже својата големина, откако во игра еден на еден го надмудри Пауел и со звукот на сирената погоди „без коски“ за  експлозија кај домашните фанови и големо разочарување за Лука Дочиќ.

  • Погледнете ја лудата завршница и двата местрални поени на Дончиќ и Јокиќ.