• Сашо Поповски

Фановите на Далас Маверикс се возбудени од работната етика која Лука Дончиќ ја покажа ова лето. Секоја сезона медиумите пишуваат за прекумерната тежина на словенечкиот плејмејкер. Лошата диета и начин на живот во летниот период му носеше критики од моментот кога се појави на НБА терените.
Изминатиот викенд, за време на натпреварот против Италија, младиот Словенец го привлече вниманието со својот физички изглед.
Conditioned Luka. League on MF notice. pic.twitter.com/sIQZEtVwiZ
— EXEL (@EXELTWEETS) June 26, 2022
Подготовките за Европското првенство му годат на Дончиќ. Меѓутоа од него се очекува идентичен пристап и во новата сезона со Далас.