Дончиќ: Луѓето рано почнаа да ни судат, сега им покажавме кои сме!

Лука Дончиќ и Далас Маверикс го „треснаа“ ЛА Клиперс во НБА-лигата и му го нанесоа еден од најтешките порази во историјата. Тимот од Тексас имаше неверојатни 50 поени предност на полувреме, што е рекордна позитива, а Словенецот вели дека со оваа победа сите покажале дека Далас не смее да е отпишан.

„Покажавме кои сме ние. Луѓето почнаа да ни судат по првите два меча од сезоната, но заборавија дека таа е долга. Треба да продолжиме да играме на ист начин, посебно во одбраната како на оваа голема средба за нас. Тоа е нашата цел од денес, па натаму“, изјави Дончиќ.

Далас Маверикс во Лос Анџелес дојде до првата победа во новата сезона, по стартните порази од Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс.