Дончиќ: Леброн е вистинска машина, оваа повреда нема да „допре“ до него!

Словенецот Лука Дончиќ и неговиот тим, Лос Анџелес Лејкерс, се подготвуваат за новата сезона во НБА лигата, која ќе ја започнат без најискусниот во тимот, Леброн Џејмс. 

„Кралот“ Џејмс нема да игра кошарка во следните триесетина денови поради мала повреда на грбот, но Дончиќ смета дека тоа нема воопшто да влијае на неговата форма понатаму. 

„Можеби се чини дека ова е голем проблем за нас, но мислам дека имаме доволно играчи кои ќе го дадат својот максимум во отсуство на Леброн. „Кралот“ е неприкосновен во оваа лига, мислам дека малата повреда нема воопшто да влијае на неговата форма.

Кога и да се врати на паркетот, повторно ќе биде еден од лидерите на тимот. Го очекуваме да ни се приклучи што побргу, тој е машина, мала повреда не допира до него“, рече Дончиќ. 

Леброн Џејмс нема намера да заврши со активното играње кошарка, и покрај фактот што во декември ќе наполни 41 година. Минатата сезона бележеше просек од 24,5 поени по натпревар. 

ФОТО/PHOTO: Nba.com