Дончиќ изговори „забранети зборови“, а потоа сфати што рече: „Ох, срање“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште една неверојатна партија во НБА.  Со „трипл-дабл“ учинок од 40 поени, 11 асистенции и 10 скока му донесе победа на Далас Маверикс над Јута Џез (147-97), а Словенецот по натпреварот даде интересно интервју, кое насмеа многумина.

Додека Дончиќ зборуваше за мечот, „испука“ неколку пцовки. Реакцијата кога сфати што кажа ги одушеви сите.

„Како што кажав пред натпреварот, не може да се зае****ме“, рече Лука, а потоа сфати што кажа и со насмевка додаде: „Ох, срање. Моја грешка“.

Далас минатата сезона го пропушти плеј-офот, што беше огромно изненадување, но не треба да си дозволи таков кикс и оваа година.