• Иван Димовски
Кошаркарите на Далас Маверикс тргнаа со победа во НБА сезоната, а на официјалното деби Клеј Томпсон проработе одлично со Лука Дончиќ и двајцата диригираа за триумф над Сан Антонио Спарс (120-109).
- Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс:
Словенечкиот плејмејкер беше на чекор на „трипл-дабл“, уфрли 28 поени, фати десет скока и подели осум асистенции. Од друга страна Томпсон реализира 22 поени, погодувајќи шест тројки. Ова дуо уште на стартот на сезоната проработе и покажува дека може да биде главоболка за целата лига.
Оклахома Сити Тандер тргна во сезоната со убедлив триумф на гости кај Денвер Нагетс (87-102). Не помогна ниту „трипл-дабл“ учинокот на Јокиќ (16 поени, 13 асистенции, 12 скока) за добар резултат. Шеј Гилџeс Александер беше најдобар поентер со 28, но перфектна партија имаше и Холмгрен со 25 поени и 14 скока.
- Денвер Нагетс - Оклахома Сити Тандер:
Шампионот Бостон дојде до втората сезонска победа, овојпат на гости во престолнината против Вашингтон Визардс (102-122). Џејлен Браун беше прво име во победата со 27 поени, а моќна партија одигра и Џејсон Тејтум со 25 поени и 11 скока.
- Вашингтон Визардс - Бостон Селтикс:
Прва сезонска победа запиша и Минесота на гостувањето во Сакраменто (115-117).