• Иван Димовски
Лос Анџелес Лејкерси триумфираа на домашниот меч против Сан Антонио Спарс (118-116) во НБА лигата. Издржа тимот од Калифорнија во завршницата и по драма успеа да впише седма победа, односно петта во низа. Прво име во победата на „езерџиите“ беше Лука Дончиќ кој го заврши мечот со 35 поени, 13 асистенции и девет скока, а нему му помогна Деандре Ејтон со 22 поени и 10 скока. Во таборот на Спарси стандардно најдобар беше Виктор Вембањама со 19 поени.
- ЛА Лејкерс - Сан Антонио Спарс:
До победа Денвер го предводеше неверојатниот Никола Јокиќ кој стигна до петтиот „трипл-дабл“ на седмиот меч оваа сезона. Нагетси дома го совладаа Мајами Хит со 122-112, а Србинот беше прво име во победата со 33 поени, 16 асистенции и 15 скока. Од голема помош на Јокиќ му беше Арон Гордон со 24 поени зад своето име, додека 23 имаше најефикасниот Пауел во таборот на Мајами.
- Денвер Нагетс - Мајами Хит:
Портланд Треил Блејзерси први го совладаа шампионот Оклахома Сити Тандер по голема драма со 121-119. Иако Шеј Гилџус Александер пак блесна со 35 поени зад своето име, а и Вигинс помогна со 27, со подобар тимски перформанс Портланд стигна до победата. Први имиња за Треил Блејзерси беа Авдија со 26, Холидеј со 22 и Грант со 20 поени.
- Портланд Треил Блејзерс - Оклахома Сити Тандер:
На останатите терени победи впишаа Сакраменто, Њу Орлеанс, Хјустон, Њујорк, Бруклин, Бостон, Детроит и Кливленд.






