ВИДЕО: Дончиќ и Јокиќ ги предводеа Далас и Денвер до победи

Далас Маверикс победи против Детроит Пистонс со 127-117, во рамките на синоќешните НБА пресметки. Иако гостите играа добро и водеа во првиот дел, сепак во продолжението домаќинот покажа кој е кој и запиша победa. Најдобар играч на теренот беше Лука Дончиќ кој речиси собра троен ефект, но застана на „дабл-дабл“ од 30 поени, десет скокови, а надоврза и девет асистенции. По него меѓу поентерите беа дуото од Детроит, Грант кој даде 26 и Јозеф со 24 поени. 

  • Далас Маверикс - Детроит Пистонс: 

Минимално славје запиша Денвер Нагетс на гостувањето во „Мода Центар“ против Портланд Треил Блејзерс од 105-106. Во тесен натпревар со многу пресврти, домаќинот немаше среќа и концентрација во завршницата, па еден поен беше доволен да го реши победникот. Никола Јокиќ, иако не беше расположен како обично, со 25 поени и девет скокови ги предводеше Нагетси, додека Лилард го следеше со 22 поени. 

  • Портланд Треил Блејзерс - Денвер Нагетс: 

Лидерот Јута победи кај Хјустон (89-112), Торонто го доби силниот Бруклин (114-103), Клиперси беа подобри од Мемфис (117-105). Домашни победи запишаа уште Кливленд со Чикаго (121-105), Индијана против Оклахома (122-116), Никс по продолжение победи со Атланта (137-127), Вашингтон слави со Голден Стејт (118-114) и Сакраменто со Минесота (128-125). На гостински славја се радуваа Мајами со Сан Антонио (87-107) и Феникс кај Филаделфија (113-116). 

Најнови вести од
НБА, САД