Дончиќ и Драгиќ ги уништија Јапонците, Словенија патува во четвртфиналето

Со две победи од исто толку натпревари во групната фаза, словенечката кошаркарска репрезентација е најпријатното изненадување на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио. Избраниците на Секулиќ ги совладаа Јапонците со 116-81, па по доминантната партија против Аргентина, Дончиќ и другарите веќе патуваат во елиминационата фаза.

Дуелот со домашната селекција беше одлучен уште во првите две четвртини, предноста брзо стана двоцифрена и со шутерско шоу пак е „раситната стотка“. Дури четиринаесет тројки погодија европските прваци и пак се потпреа на одличните бекови.

Лука Дончиќ постигна 25 поени, а Зоран Драгиќ уфрли 24 во победничкиот табор, а Хачимура со 34 поени беше најефикасен Јапонец и генерално најдобар стрелец на натпреварот. 

Во следното коло им следи вистински тест, бидејќи против себе го имаат светскиот првак Шпанија.