ВИДЕО: Дончиќ и Далас го „решија“ супер-тимот на Бруклин, Клиперси слават во дербито на ЛА

Екипата на Бруклин Нетс влегува во уште поголема криза во НБА лигата, откако ноќва го запиша и четвртиот пораз во низа. Нова екипа која му го зеде скалпот на супер-тимот на Нетси е Далас Маверикс, кој на свој терен по многу борба извојува минимална победа од 113-109.

Во текот на сите четири четвртини се играше израмнето и со многу промени на водствата, но на крај одлучи мирната рака на Дончиќ и Хардавеј, кои уште еден фантастичен натпревар. Словенечкиот ас зад своето име запиша нов „дабл-дабл“ учинок со 24 поени и 10 скока, а имаше и 8 асистенции, додека Хардавеј броеше до 23 поени. Кај поразениот тим прв стрелец беше Ирвинг со 45 поени.

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс по третпат оваа сезона слават во големото градско дерби со Лос Анџелес Лејкерс, но овој пат со убедлива разлика од 24 поени (118-94). Леброн и Дејвис сè уште се надвор од стројот на шампионот, а комшиите одлично го искористија тоа и на погонот на Џорџ и Ленард полесно од очекуваното стигнаа до нова победа во градското дерби.

Џорџ натпреварот го заврши со 24 поени и 7 скока, додека Ленард за нешто помалку од 30 минути реализира 15 поени. Во редовите на Лос Анџелес Лејкерс се истакна Кузма со 25 поени, а Харел имаше 14 поени.