ВИДЕО: Дончиќ го шокира Мемфис со чудесен кош за победа, нов блесок на Стеф Кари

Лука Дончиќ

Луда завршница донесе дуелот во Мемфис каде со звукот на сирената погоди Лука Дончиќ и го израдува Далас (113-114). Домашниот тим пропушти шанса да ја обезбеди победата од линијата за слободни фрлања, па доби казна на спротивната страна. Словенечкиот плејмејкер со необичен шут успеа да погоди тројка за голем триумф на Маверикси. 

Филаделфија го одбрани домашниот терен во големото дерби на Истокот против Бруклин (123-117). Гостите настапија без своите најголеми ѕвезди и немаа сили за изненадување покрај расположението Џоел Ембид кој запиша 39 поени и 13 скока. Центарот на Сиксерси продолжува да игра на МВП ниво и во завршницата од тековната сезона.

Ленард и Џорџ не настапија во седмата победа во низа на ЛА Клиперс на гостувањето кај Детроит (98-100). Тимот на Тајрон Лу успеа да анулира негатива во завршницата и да продолжи со одличните настапи.

Никола Јокиќ оствари „трипл-дабл“ со 17 поени, десет скока и 11 асистенции и му помогна на Денвер да слави над Мајами (123-106). Клучна беше втората четвртина, која домашните кошаркари ја добија со 34-18 и направија висока разлика, која ја задржаа до самиот крај.

Идентично достигнување направи и Расел Вестбрук со 25 поени, 15 скока и 11 асистенции во победата на Вашингтон кај Сакраменто (111-123).

Неверојатниот Стеф Кари постигна 42 поени во новото славје на Голден Стејт против Оклахома Сити (107-142). „Воините“ го декласираа ривалот предводени од фантастичниот шутер, кој одново блескаше од зад линијата за три поени.

Гостински победи запишаа Индијана, Њујорк и Кливленд, а домашниот терен го одбрани Торонто против Сан Антонио,