ВИДЕО: Дончиќ е само човек – прави чуда на теренот, а го промаши наједноставното

Дончиќ

Лука Дончиќ одигра феноменален натпревар против Сакраменто и оствари нов „трипл-дабл“ учинок. 21-годишникот постигна 34 поени, собра 20 скока и подели 12 асистенции.

Но, не беше сè така едноставно за Словенецот. При еден влез промаши едноставно забивање, а потоа не можеше да престане да се смее. Сеирот на социјалните мрежи беше неизбежен, а плејмејкерот на Далас го прифати и се насмеа заедно со останатите.

Маверикси конечно ја искористија формата на Дончиќ за да стигнат до првата победа во Орландо. На првите два меча по рестартот запишаа минимални порази од Хјустон и Феникс.