ВИДЕО: Дончиќ е нереален – погоди луда тројка во пад за победа над Мемфис

Лука

Лука Дончиќ одново покажа дека е човек за одлука на натпреварите на Далас Маверикс. Во тесниот триумф над Мемфис, словенечкиот плејмејкер ги постигна поените со звукот на сирената кои обезбедија гостинска радост.

Се играше последната минута кога домаќинот имаше слободни фрлања за победа. Меѓутоа не ги искористи, а тоа донесе шанса за противникот да се надева на чудо.

На неколку секунди до крајот, Дончиќ прими топка и од тешка позиција ја исфрли топката, која заврши во кошот и ги израдува гостинските кошаркари.

  • Кошот за победа на Дончиќ во Мемфис:

Далас се обидува да обезбеди место во плеј-офот втора сезона во низа.