Дончиќ доби лакт во глава, па Боби се пошегува: Главата ти е голема, се надевам Ејтон не е повреден (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одлична претстава за својот Далас Маверикс и со 33 поени на својот тим му донесе „мајсторка“ во полуфиналната серија со Феникс Санс.

Словенечкиот кошаркар за време на натпреварот доби удар со лакт во главата од Ејтон, но за среќа помина без последици. На прес-конференцијата по натпреварот Дончиќ откри како неговиот голем пријател Бобан Марјановиќ се пошегувал со него по ударот.

„Добро е што имам голема и тврда глава за да не ме боли толку многу. Видете, затоа велам дека Боби е најдобриот „зборувач на глупости“. Ми рече: „Се надевам дека лактот на Ејтон е добар, затоа што главата ти е толку голема“, рече Дончиќ на прес-конференција.

Судиите сметаа дека има прекршок од Дончиќ, а на Ејтон му досудија техничка грешка поради неспортското однесување по ударот, но не го казнија поради лактот.