Доминантната Србија лесно се справи со Венецуела

Светскиот вицешампион Србија со победа стартуваше на олимпискиот кошаркарски турнир во Рио Де Жанеиро. Момците на Саша Ѓорѓевиќ триумфираа на мечот против Венецуела со 62-86 и потврдија дека со големи амбиции дојдоа во Бразил.

За 20 минути игра Србија прими само 23 поени, што потврдува каква одбрана играа српските кошаркари. Полесно од предвиденото стигнаа до двоцифрена предност, која подоцна им донесе победа од 24 разлика.

Богдановиќ со 18 и Радуљица со 18 поени беа најефикасни во одличниот состав на Србија, а Варгас со 12 поени беше најдобар меѓу Јужноамериканците.