ВИДЕО: Доминацијата продолжи на кошаркарските терени, Реал слави на гости кај Барса

Руди

Реал Мадрид ја прекина серијата четири порази во дуелите со Барселона во сите натпреварувања и прослави голем триумф на гостувањето во 30. коло од Ендеса лигата (85-87).

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите започнаа подобро и имаа предност по првиот дел. Предноста гласеше 33-42, а тоа ги натера избраниците на Шарунас Јасикевичиус драстично да го променат пристапот во продолжението.

Тоа им овозможи на Каталонците целосно да се вратат во игра и да најават неизвесна завршница. Предноста и натаму постојано беше на страна на „кралевите“, но при 82-84 тројката на Миротиќ ја врати предноста на домаќините. Но, Лапровитола погоди од тешка позиција, со дополнително слободно фрлање и ги обезбеди бодовите за екипата на Пабло Ласо.

  • Драматичниот финиш на „Ел Класико“:

Хигинс заврши со 21, Калатес со 17, а Фернандез со 13 поени беше прво име кај победничкиот тим.

Мадрид слави втора победа во „Ел Класико“ соочувањата со големиот ривал, по вчерашното фудбалско надигрување во престолнината.