Доминација на Темелковски, Работнички преку МЗТ ја одбрани јуниорската титула

Јуниорите на Работнички се крунисани за старо-нови шампиони на Македонија откако во својата „Градски парк“ со убедливи 93-69 (52-33) славеше над вечниот ривал МЗТ Скопје Аеродром.

Финалето мина во тотална доминација на центарци, кои обезбедија двоцифрена разлика и ја држеа речиси цела средба. Се очекуваше истото да биде понеизвесно, но сепак, Работнички во својот дом не му даде на ривалот да парира. 

Високиот триумф на јуниорите на Работнички се најави уште по првиот период, кој заврши со предност од 19 поени. Лидер кај победникот беше капитенот Славчо Темелковски со 28 поени и 20 скока, додека кај гостинот од Аеродром најмногу се истакна Дамјан Миса со 21 поен и 9 скока.

Работнички покрај во јуниорска стана шампион и во младинска конкуренција.