• Мартин Танасковски

Екипата на МЗТ Скопје не успеа да го одбрани домашниот терен во полуфиналето од регионалната АБА-2 лига. „Штрковите“ од Аеродром доживеаја пораз од Спартак Суботица (73-78) во разигрувањето за елитата и ќе мора да бркаат негатива во реваншот закажан на стартот на мај.
Македонскиот шампион подобро го отвори натпреварот пред својата публика. Атмосферата во „Јане Сандански“ беше одлична, а „штрковите“ носени од тоа започнаа со ефикасна игра во првите пет минути и водство од 13-9. Но, неочекувано следуваше пад во играта на МЗТ и гостите искусно го искористија тоа. Суботица влезе во ритам во финишот и со серија од 2-14 се избори за високи плус осум на првата мала пауза. Стартот на втората четвртина донесе израмнета игра и голема борба.
МЗТ ја имаше контролата на резултатот се до последната четвртина, кога гостинот од Сутобица направи една мини-серија. Од 57-55 за МЗТ, резултатот се сврти на 57-61, а потоа и беше највисоки плус седум за гостите (61-68). Баковиќ и Делалиќ ги вратија „штрковите“ во егал (66-68) и до крај мечот беше вистинска игра на нерви.
Имаше проблеми МЗТ во шутот за три, тоа српскиот гостин го искористи и во последните 120 секунди влезе со 68-74. потоа водството поради ужасниот финиш на македонскиот првак стана и десет поени, највисоки на мечот во Јане Сандански (68-78). Ситуацијата во финишот ја преполовија браќата Стојановски, со врзани пет поени.
Војдан Стојановски со 20 поени, Делалиќ со 13 и Баковиќ со 12 беа најдобри кај МЗТ Скопје, додека кај Суботица, Гордиќ имаше 16, а Черовина 12 поени.