Домаќините пак на колена во Евролигата, големи победи за Жалгирис и Зенит

По Олимпијакос и Реал Мадрид, вечерва уште две гостински екипи славеа во Евролигата, откако и Жалгирис и Зенит за дома си заминаа со важни победи на своето конто. 

Кошаркарите на Жалгирис заедно со водечките Реал и ЦСКА Москва играат во најдобра форма во финишот од есенскиот дел од сезоната во Евролигата, затоа што вечерва ја запишаа петтата победа во низа во европската елита, со која се искачија на 6. позиција на табелата и значително ги сочуваа шансите за плеј-оф. 

Литванскиот шампион ја оправда фаворитската улога на гости во Германија кај Алба Берлин и заслужено извојува победа од 71-74, во натпревар во кој клучен период беше третата четвртина која заврши со 12 поени разлика за Жалгирис (11-23). 

Американецот Хајес со 18 и Ловерњ со 16 поени беа најпрецизни во таборот на победничкиот тим, додека кај Алба се истакна Фонтечио со 14 поени. 

Катастрофалната ноќ на домаќините ја потврди и тимот на Макаби Тел Авив, кој во својот дом беше совладан од Зенит со минимални... Појтрес со 16 и Понитка со 14 поени ја водеа екипата од Русија до 10-та овосезонска победа во Евролигата, а кај домаќините расположен за надигрување беше само турскиот репрезентативец Вилбекин со 18 поени.