Докузовски останува на клупата на Куманово, најави нов тим и повисоки амбиции

Марин Докузовски и во новата сезона ќе биде тренер на КК Куманово, пренесува Фан клуб на КК Куманово на социјалните мрежи.

Докузовски потврди дека останува на клупата на кумановци и најави дека клубот ќе направи значителни промени во играчкиот кадар. Целта е да се формира тим кој ќе игра агресивна одбрана и брза, модерна кошарка.

Тој истакна дека клубот веќе работи на комплетирање на ростерот, со акцент на ангажман на квалитетни домашни кошаркари, согласно новите правила за ограничен број странци.

Куманово навреме ќе ги започне подготовките за новата сезона, со повисоки амбиции од минатата.