Документарецот „Последниот танц“ посветен на Мајкл Џордан ќе излезе во 2019 година

Мајкл Џордан

Поминаа 15 години од последниот натпревар од кариерата на Мајкл Џордан, а кошаркарските фанови никако не можат да ја прежалат и заборават играта на „најголемиот на сите времиња“.

Неговиот бренд во соработка со „Најк“ расте од година во година, а популарноста во светски рамки е толку голема, што американските ТВ куќи се уште прават документарни филмови за неговиот живот. Последниот ќе биде во режија на „ЕСПН“ и ќе го носи насловот „Последниот танц“, посветен на неговата фантастична авантура во дресот на Чикаго Булс.

Истиот ќе биде составен од десет епизоди по еден час, а премиерата се очекува во 2019 година.

Џордан освои шест НБА титули со Булси проследени со шест МВП награди во финалните серии. Кариерата ја заврши како трет најдобар стрелец во историјата, а падна за едно место кога Коби Брајант ја надмина неговата бројка во декември 2014 година.

Најнови вести од
НБА, САД