Док Риверс се сели на Истокот и ќе застане на клупата на Филаделфија

Док

Легендарниот Док Риверс наскоро би можел да биде претставен во нова екипа. По отказот кој го заработи од Лос Анџелес Клиперс поради лошо одиграниот плеј-оф, еден од најдобрите тренери на денешницата прифатил понуда да се пресели во источната конференција.

Екипата на Филаделфија 76ерс во него пронајде решение за своите тренерски проблеми. Сиксерси се разделија со Брет Браун и во потрага по нов стратег, ги вперија очите во еден од најатрактивните слободни агенти.

Управата верува дека Риверс и неговото искуство ќе помогне во успех на екипата, која ја сочинуваат две големи ѕвезди, Џоел Ембид и Бен Симонс.

Поранешниот тренер на Клиперси загуби по позитива од 3-1 во серијата против Денвер Нагетс. Тоа беше пресудно да остане без работа, со оглед на квалитетот на ростерот и високите очекувања кај екипата од Калифорнија.

Филаделфија, пак, овогодишното доигрување го одигра катастрофално, губејќи со 4-0 од Бостон Селтикс.