• Горан Упале

Вили Коли-Стајн изјави дека се одлучил да дојде во Европа поради тактичкиот начин на пристап кон кошаркарската игра.
Тој, некако изненадувачки, му се приклучи на Варезе ова лето откако помина седум сезони во НБА лигата. Стајн пристигна во Европа од причина што смета дека кошарката на Стариот континент е многу пофундаментална во споредба со НБА лигата, која важи за местото на најдобрите кошаркари во светот.
„Одбрав да дојдам во Европа бидејќи играта повеќе се заснова на тактика во споредба со кошарката „еден на еден“ што се игра денес во НБА. Тоа е условено од желбата на играчите да постигнат лична статистика. Овде во Европа, секој натпревар и секоја топка е важна. Не е како во НБА, каде 82 натпревари се идентични“, изјави Коли-Стајн .
Во својата кариера тој ги носеше дресовите на Кингси, Марерикси, Вориорси и 76-ерси, а минатата сезона беше без договор.