Дојде крајот на низата на Леброн која што траеше 21 година!

Oбјавена е листата од десет кошаркари кои ќе играат на НБА Ол-стар натпреварот, но Леброн Џејмс не е на неа. По 21 година, играчот на Лос Анџелес Лејкерс не е избран за стартер на популарниот настан.

Тоа не значи дека нема да го видиме во Лос Анџелес оваа година, бидејќи тренерите сè уште не ги одбрале резервите и се очекува неговото име да биде на листата. Поради промената на форматот, ќе учествуваат 16 Американци, од кои пет се избрани, па Леброн сигурно ќе биде меѓу 11-те преостанати имиња.

Западот ќе го предводат Лука Дончиќ, Шаи Гилџес-Александар, Стеф Кари, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Истокот ќе ги има Џејлен Брансон, Јанис Антетокумпо, Тајрис Макси, Кејд Канингем и Џејлен Браун.

НБА Ол-стар викендот во 2026 година ќе се одржи од 13 до 15 февруари во Лос Анџелес.