Дочекавме и тоа во македонската кошарка: Две поразени екипи од ист меч!

МКФ си остана при одлуката, па така откако Куманово, Кожув и Струмица беа суспендирани и не ги одиграа дуелите од 10. коло во Првата лига, нивните натпревари беа регистрирани со службени порази од 20-0. Сепак вистински парадокс е што во еден меч има две поразени екипи, а тоа е натпреварот меѓу Кожув и Струмица. Овие две екипи покрај поразот добија и -1 бод од салдото, а следниот неодигран меч за нив би значел автоматска дискфалификација од лигата и преселба во најнизок ранг од натпреварување.

Комесарот за натпреварување, Владо Цветковски во билтенот за изминатото 10. коло за споменатите натпревари, Стумица - Кожув и Куманово - АВ Охрид наведува:

„Согласно член 39 од Правилникот за натпреварување и член 51 од Пропозициите за натпреварување, суспензијата за КК Струмица и КК Кожув е ВАЖЕЧКА т.е. натпреварот закажан за 29.01.2017 во Струмица помеѓу екипите на КК Струмица и КК Кожув не се одигра и се регистрира со службен резултат 20:0 против двете екипи, при што двете екипи не добиваат бод предвиден за пораз.

Согласно член 39 од Правилникот за натпреварување и член 51 од Пропозиц иите за натпреварување, суспензијата за КК Куманово 2009 е ВАЖЕЧКА т.е. натпреварот закажан за 28.01.2017 во Куманово помеѓу екипите на КК Куманово 2009 и КК АВ Охрид не се одигра и се регистрира со службен резултат 20:0 во корист на КК АВ Охрид , а екипа та на КК Куманово 2009 не добива бод предвиден за пораз.