Добри вести за Лејкерси, познато кога се враќаат Леброн и Дејвис

Леброн Дејвис

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс има мали проблеми со резултатите, откако се повредија Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Двете големи ѕвезди на тимот на Френк Вогел подолго време се надвор од конкуренција. Крилниот центар лекува повреда на Ахиловата тетива, а „кралот“ Џејмс го повреди скочниот зглоб на домашниот дуел со Атланта.

Според последните најави нивниот кам-бек е блиску да се оствари. Информациите кои доаѓаат од блиски извори до „езерџиите“ велат дека Леброн и Дејвис ќе се вратат во ростерот по источната турнеја од пет натпревари.

Лејкерси го победија Торонто, а допрва ќе се надигруваат со Мајами, Њујорк, Бруклин и Шарлот. Тоа значи дека дуото на бранителот на титулата ќе се врати на паркетот за дербито против Бостон во „Стејплс Центар“.

Екипата од ЛА посакува со добар финиш на сезоната да обезбеди предност на домашен терен во поголемиот дел од плеј-офот.