Добри вести за ЛА Лејкерс: Леброн се враќа на терените

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, ја надмина повредата и повторно се враќа на кошаркарските терени за да му помогне на шампионот Лос Анџелес Лејкерс.

Џејмс е надвор од терените повеќе од еден месец, а Лос Анџелес Лејкерс без него не може да фати форма. Од Соединетите Американски Држави велат дека „кралот“ се враќа на паркетот на почетокот на следната седмица. Поточно, тоа ќе биде натпреварот против Орландо, кој е закажан во вторник од 1:00 часот по полноќ.

Без Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс загуби на 11 од вкупно 18 натпревари. Кошаркарот во просек оваа сезона пред повредата бележеше 25,5 поени, 7,9 скока и 7,9 асистенции по натпревар.