• Саше Љолес
Кошаркарот на Денвер Нагетс, Ерон Гордон, е блиску до враќање на терените по повредата на задната ложа која го оддалечи од тимот подолг период.
Според последните информации од клубот, Гордон се наоѓа во завршна фаза од рехабилитацијата и се очекува наскоро повторно да се приклучи на тимот. Американскиот крилен кошаркар пропушти значителен дел од сезоната поради повредата која во еден момент дополнително се влоши.
Во таборот на Денвер Нагетс се надеваат дека неговото враќање ќе се случи наскоро, што би претставувало големо засилување за тимот предводен од Никола Јокиќ, кој се бори за подобра позиција на табелата.
Гордон има важна улога во играта на тимот, како во напад така и во одбрана, па неговото враќање се очекува да донесе дополнителна стабилност во составот на Денвер во завршницата од сезоната.
Со него во составот, Нагетс се надеваат дека ќе влезат во посакуваниот ритам пред почетокот на плеј-офот.



