Добри вести за Дубаи, Џанан Муса се врати во тимот и започна со тренинзи!

Новото засилување на Дубаи, Џанан Муса, кој беше повреден уште од октомври минатата година, конечно се врати во тимот и му се стави на располагање на стручниот штаб. 

Се очекува Муса да настапи за Дубаи веќе овој викенд, кога тимот ќе игра против Клуж во АБА лигата. Босанскиот репрезентативец дојде во Дубаи од Реал Мадрид, но не играше повеќе од три месеци, а се смета за еден од главните играчи во тимот.

Муса се очекува конечно да блесне со сиот сјај и да биде огромно засилување за тимот до крајот на сезоната. Дубаи е актуелен лидер во АБА лигата, а во Евролигата ја зазема 13. позиција на табелата.