Добри вести: Кузмиќ е надвор од животна опасност и зборува со семејството

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда објави соопштение за здравствената состојба на Огнен Кузмиќ, кој имаше сообраќајна несреќа, но полека заздравува од истата и од ден во ден е се подобар.

Од Белград соопштуваат дека тој сега е надвор од животна опасност и дека комуницира и зборува со семејството. В понеделник тој од шок-собата од Ургентниот центар ќе биде преместен во одделението за Интензивна нега.

Кошаркарот на белграѓани имаше страотна сообраќајна несреќа во која се здоби со повреди на градниот кош и на главата, а во одреден момент беше и во кома.