Доби „шут карта“ од Црвена Звезда, па веднаш потпиша со друг евролигаш

Бразилецот Јаго Дос Сантос не чекаше многу за да пронајде нов ангажман, откако ја раскина соработката со белградска Црвена Звезда. 

Плејмејкерот веднаш го засили тимот на Виртус Болоња, кој има очајна сезона во Евролигата  и досега забележа скор од 13 победи и 23 порази. Јаго немаше блескава сезона во Црвена Звезда, со скромен просек од 2,8 поени во елитното натпреварување и нешто подобар учинок во домашното првенство - 7,8 поени и 4,8 асистенции по натпревар. 

Италијанците имаат серија од седум последователни порази, а во последните две кола од Евролигата се среќаваат со Басконија и Макаби. Бразилецот Јаго веќе беше претставен во новата средина.