Доаѓа нова женска БИБЛ-лига, ќе има и тимови од Македонија

Кошаркарската регионална БИБЛ-лига слави 15 години од формирањето, а за јубилејот, од сезоната 2022/23 ќе има новитет, тоа е женска кошаркарска лига во натпреварувањето.

Информацијата ја потврди Шеј Штрикс, спортскиот директор на БИБЛ-лигата. Тој посочи дека по петнаесет години сите се возбудени за формирање на регионално натпреварување за дамите и верува дека со овој потег ќе се развие женската кошарка.

Македонија ќе има свои претставници во БИБЛ кои допрва ќе бидат одредени, а исто така ќе учествуваат и земји од Романија, Израел, Грција и Бугарија. Повеќе детали за проектот се очекуваат наскоро.