Дивинченцо потпиша со шампионот во НБА лигата

Екипата на Голден Стејт Вориорс доведе ново засилување, во името на Донте Дивинченцо. 

25-годишниот бек од неодамна беше слободен агент откако замина од Сакраменто Кингс, па шампионот го искористи тоа и му понуди договор. Во Сан Франциско Дивинченцо ќе заработи 9,3 милиони долари за двегодишниот договор со клубот. 

Инаку, се работи за бек шутер кој беше драфтуван од Милвоки во 2018 година. Дивинченцо мина неколку години во таборот на Бакси, потоа заигра и во Сакраменто, а следната авантура ќе му биде во таборот на првакот во НБА лигата.