Дивац подготвува трејд, во Сакраменто пристигнува Енес Кантер?

Според прогнозите на еден од најдобро упатените новинари кого се работи за НБА лигата, Андреј Војнаровски, се спрема трејд помеѓу тимовите на Сакраменто Кингс и Њујорк Никс, во кој главна ѕвезда треба да биде турскиот центар, Енес Кантер.

Главен иницијатор за ваквиот трејд е потпретседателот за кошаркарски операции на „кралевите“, Владе Дивац, кој со Турчинот сака да добие на стабилност под кошевите.

Според Војнаровски, Кантер ќе премине во тимот на Сакраменто, а во спортивен правец ќе се успати Зек Рендолф. Турскиот центар за Никси оваа сезона има просек од 14,4 поени и 11 скока, а Зек Рендолф сè уште оваа сезона не е дел од ротацијата на „кралевите“ и нема запишано ниту еден натпревар.