Директниот дуел во Битола ќе го одлучи местото број еден пред плеј-офот

Преостанаа уште неколку натпревари од заостанатата програма во кошаркарскиот шампионат на Македонија и уште неколку дилеми за распоредот на местата на осумте екипи кои ќе играат во разигрувањето. Извесно е дека Навико ФМП Академија е последниот осми патник во плеј-офот и сигурно од осмото место ќе тргне во следната фаза на натпреварувањето,

Останатите места ќе бидат познати по одигрувањето на последните три заостанати натпоревари:

МЗТ Скопје Аеродром - Куманово (среда 18.00)
Гостивар - ТФТ Скопје (четврток 17:00)
Пелистер - Работнички (четврток 18:00) 

Дуелот во Битола е диретна битка за првото место и многу веројатно победникот ќе тргне од најдобрата позиција во плеј-офот. Исклучок може да биде само победа на Куманово против „металците“ ден порано. Во таков случај на Работнички во „Боро Чурлевски“ ќе му треба победа од најмалку 24 разлика. 

Дуелот меѓу Гостивар и ТФТ е директен дуел за петтото место, за кое последниот збор не го кажал и Куманово.

Плеј-офот е планирано да почне на 17 мај, ден откако ќе се одигра завршницата на Купот на Македонија во СРЦ „Кале“.