Димитријевиќ заздравува од повреда, Милано моќен со Макаби

Екипата на Олимпија Милано дојде до значајна победа над Макаби Тел Авив (107-74) во рамки на Евролигата со која се враќа во игра за едно од местата кои водат во плејофот за разигрување за Ф4-турнирот.

„Манекените“ од Милано демонстрираа моќ на неутралниот терен во Белград и Макаби немаше шанси да парира. Изралеците беа во висок дефицит уште од почетокот, а работата се заврши во третиот период кој Милано го доби со 33-17.

На овој натпревар не настапи Ненад Димитријевиќ, кој има повреда и остана да заздравува во Милано. Најдобар играч на италијанскиот тим беше Шилдс со 18 поени, пред Ледеј со 17 поени, исто толку постигна и Миротиќ, а кај Макаби, Соркин заврши со 16 поени.

Во следното евролигашко коло, Олимпија Милано ќе ѝ биде домаќин на Алба Берлин, додека Макаби има тешко гостување кај Реал Мадрид.