Димитријевиќ запиша „дабл-дабл“, голема победа на Хувентуд во Малага

Вечерва се заокружи и првото коло од новата, ТОП 16 фаза во Еврокупот. На почетокот на вториот круг од натпреварите, како дел од групата Е се играше и шпанското дерби помеѓу екипите на Хувентуд и на Уникаха.

По 40 минути на средбата во Малага, голема победа за Хувентуд од 95-8), против конкурентот за место во четвртфиналето.

Веќе вообичаено, кога станува збор за тактичката поставенот на тимот од Бадалона, Ненад Димитријевиќ не беше дел од првата петорка. А откако пред крајот на првата четвртина влезе на теренот, веднаш почна да дели асистенции до соиграчите. За само неколку минути во игра, собра четири. Евидентирано и во резултатот. „Зелено-црните“ ја стигнаа негативата, на средина од втората четвртина беа во минус од еден поен (33-34).

Во продолжението од мечот, македонскиот репрезентативен бек беше уште подобар. Беше многу блиску до „дабл-дабл“ ефект. Иако мораше да добие и лекарска помош на полувремето, тоа не му посмета да има 13 поени (1/2 за три, 3/5 за два и 4/5 за еден поен). Освен тоа, за скоро 20 минути во игра, додаде и седум успешни додавања, два скока, и по една освоена, односно загубена топка.

Оваа победа е голем „брејк“ на почетокот на втората групна фаза во Еврокупот, каде во следниот круг од натпреварите, на 20 јануари, во Бадалона, го дочекуваат францускиот Нантер 92.