• Сашо Поповски

Првата фаза во Еврокупот се одигра, па сега претстојат возбудувањата кои ќе покажат кои екипи се зрели за титула и целат кон највисок пласман.
Одлична сезона игра македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Тој заедно со Хувентуд во втората фаза од натпреварувањето ќе игра во група заедно со Монако, Уникаха и Нантер.
Во анкета направена во изминатите неколку дена, генералните менаџери во Еврокупот му дадоа големо признание на 22-годишниот плејмејкер. Според нив, нашиот кошаркар е втор во конкуренција на „играчи во подем“, веднаш зад Виктор Вембанјама од Нантер.
Last but not least...
What are your thoughts?@unicsbasket · @Nanterre92 · @Penya1930 #RoadToGreatness pic.twitter.com/Yw57YaD6zP
— 7DAYS EuroCup (@EuroCup) January 12, 2021
Димитријевиќ доби 16,7% од гласовите, што е показател за неговиот напредок во изминатите 12 месеци во исклучително големата конкуренција во Европа.
Шпанскиот прволигаш исто така беше избран за една од најзабавните екипи за гледање, заедно со Болоња на Милош Теодосиќ.