• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солиден натпревар за Олимпија Милано во новата победа во италијанската лига, овој пат над Скафати како гости (78-82).
Плејмејкерот беше далеку подобар во првиот дел од вториот, меѓутоа поголема му беше и минутажата во првите две четвртини. За вкупно 18 минути на паркетот, Димитријевиќ успеа да постигне 13 поени со шут 3/4 за три и 4/4 од слободни фрлања.
Зад своето име Димитријевиќ додаде три асистенции и два скока. Пред него кај поентерите во Милано беше Брукс со 22 поени, додека кај Скафати се истакнаа Греј со 17 и Стјуарт со 20 поени.
Милано во кошаркарската Лега А по четири кола има три победи и еден пораз.