Димитријевиќ втор најмлад Македонец кој постигнал барем 20 поени во Евролигата

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја одигра најдобрата партија во Евролигата по доаѓањето во Олимпија Милано. 

Плејмејкерот беше еден од клучните фактори на „манекените“ во победата над Реал Мадрид. Тој уфрли 22 поени и беше најдобар поентер на натпреварот против „кралевите“. Со ова, Димитријевиќ стана втор најмлад кошаркар од Македонија кој постигнал барем 20 поени во евролигашката конкуренција. 

  • Листа на наши најмлади кошаркари кои постигнале барем 20 поени во Евролигата:
  1. Владо Илиевски (22 години, 327 дена)
  2. Ненад Димитријевиќ (26 години, 258 дена)
  3. Врбица Стефанов (26 години, 353 дена)
  4. Перо Антиќ (29 години, 146 дена)
  5. Душан Боцевски (30 години, 365 дена)

Во дуелот против Реал македонскиот кошаркар имаше осум од 15 погодени удари од поле, од кои четири беа за три поени. Во моментов Димитријевиќ држи просек од 10 поени по натпревр, со 3,6 асистенции и 2,6 скока.