• Мартин Танасковски
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ не беше дел од тимот на Олимпија Милано на последните два натпревари во Евролигата, што веднаш поттикна гласини за негово можно заминување. Македонскиот плејмејкер ги пропушти гостувањата против Црвена Звезда и Париз, а неговата улога во тимот на Еторе Месина станува се поограничена, што дополнително ги подгрева шпекулациите за неговата иднина.
Според медиумите од Русија, Ненад Димитријевиќ веќе преговара со Уникс за враќање во Казањ, каде помина две исклучително успешни сезони пред да пристигне во Милан. Веста првично ја објави „Sport Business Online“, а со оглед на неговата претходна соработка со тренерот Велимир Перасовиќ, овој потенцијален трансфер не изгледа нереален.
Ненад Димитријевиќ во досегашниот дел од сезоната не ја доби можноста што ја очекуваше. На последните пет натпревари играше просечно имаше околу 12 минути на теренот, што е далеку под неговите можности и амбиции. Уникс би можела да е добра опција за Нено, затоа што претходно во овој клуб беше лидер и ја доби титулата МВП.