• Иван Димовски

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден перфектен натпревар за Олимпија Милано, овојпат во италијанската Серија А.
Димитријевиќ беше најдобар поединец на Милано во победата над Венеција (79-78). Плејмејкерот го забележа својот прв „дабл-дабл“ ефект во дресот на „манекените“. Македонецот уфрли 17 поени и подели 10 асистенции до соиграчите за 29 минути на теренот.
Освен Димитријевиќ одлично одиграа Болмаро кој исто така имаше двоен ефект (16 поени, 10 скока) и Ледеј (16 поени).
Ненад Димитријевиќ фаќа посакуван ритам со настапите во Олимпија Милано, откако во претходниот меч со 22 поени имаше клучна улога во тимот за триумф над Реал во Евролигата.