Димитријевиќ со „десетка“ во дресот на Валенсија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја доби првата посериозна минутажа по повредата и ја оправда во рамки на шпанската АЦБ-лига.

Валенсија на домашен терен беше подобра од Обрадоиро (91-71) и така ја прекина низата од два порази во шпанскиот кошаркарски шампионат. Ненад Димитријевиќ на теренот мина 16 минути за кои успеа да постигне десет поени (4/7 за два, 2/2 слободни).

Зад своето име македонскиот плејмејкер додаде уште три асистенции и два скока. Најефикасен во победата на „лилјаците“ беше Словенецот Препелиќ со 20 поени, пред Дубљевиќ со 16 поени, додека кај Обрадоиро, канадското дуо Скруб и Робертсон беа на врвот со по 15, односно 12 поени.

Валенсија со оваа победа скокна на петтото место на табелата во АЦБ-лигата со скор 8-6.