ВИДЕО: Димитријевиќ со „дабл-дабл“ во евролигашкото славје на Баерн

Кошаркарите на Баерн Минхен ја забележаа шеснаесеттата победа во Евролигата, откако славеа на гостувањето кај Виртус Болоња со 80-85.

На дуелот од претпоследното коло двете екипи се без резултатски императив, а баварците врзаа три победи во низа. 

На овој натпревар еден од најдобрите во германскиот тим беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Иако имаше лимитирана и половична минутажа, Македонецот забележа „дабл-дабл“ учинок. 

Димитријевиќ за речиси 19 минути на теренот уфрли 11 поени, подели 10 асистенции, а фати и три скока.