Димитријевиќ: Шермандини и Мекфејден направија разлика, а за техничката...

Ненад Димитријевиќ го одигра еден од најдобрите натпревари за Македонија на поентерски план и со 25 поени учествуваше во поразот со Грузија (65-79). По мечот плејмејкерот им честита на Грузијците и истакна дека Шермандини и Мекфејден ја направиле разликата на теренот.

„Знаевме дека не чека еден тежок натпревар, Грузија е доста добар тим. Тие погодија важни шутеви во клучни моменти, Шермандини и Мекфејден ја направија разликата. Ние одигравме добар натпревар.

Околу техничката што ја добив пред крајот по приговор и по која следеше серија од 0-10, мислам дека претходно имаше фаул врз мене од Шермандини, но тоа е што е, натпреварот е готов сега и нема што повеќе да се говори за тоа“, изјави Димитријевиќ.

Македонија има четири порази на четири натпревари, а покрај што двапати загуби од Грузија, потклекна и пред Шпанија и Украина. Следниот ФИБА-прозорец е на стартот на месец јули.