Димитријевиќ: Се чувствувам одлично во Хувентуд

Нено

Екипата на Хувентуд го победи Партизан на стартот од Еврокупот, а солидно издание за шпанскиот тим имаше плејмејкерот Ненад Димитријевиќ.

Македонскиот репрезентативец вели дека екипата игра во одлична динамика и дека тој лично ужива во начинот на кој што се одвиваат работите во клубот.

„Ми се допаѓа динамиката и енергијата на екипата. Важно е за нас да победуваме и кога се враќаме од -15. Јас лично се чувствувам одлично тука. Среќен сум што добивам минутажа и правам сè што можам да помогнам“, вели 22-годишникот.

Димитријевиќ игра во Шпанија од 2016 година и досега собра доволно искуство кое го пренесува и во настапите на македонската репрезентација.