• Горан Упале

Еден од најдобрите македонски кошаркари, Ненад Димитријевиќ од следната сезона и перманентно ќе добие нов клуб. Екипата на Валенсија на својата интернет страница потврди дека со меѓусебен договор предреме го раскина договорот со македонскиот ас и така Нено како слободен агент ќе бара ноа средна. Одличниот плејмејкер со шпанскиот клуб имаше договор на уште две сезони.
Димитријевиќ потпиша за Валенсија во летото 2021 година од Хувентут Бадалона и во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари, со просек од 8,4 поени, 1,5 скок и 3,9 асистенции. Во сезоната 2022/23 играше како позајмен кошаркар во руски Уникс Казан, клуб со кој ја освои ВТБ лигата, а беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на финалната серија.
„Валенсија сака да му се заблагодари на Димитријевиќ за покажаниот труд и професионализам додека го бранеше нашиот дрес и му посакува сè најдобро во иднината, како на професионален така и на личен план“, се вели во објавата на клубот.
За нашиот ас постои интерес од многу европски гиганти, а во последниот период се шпекулира дека тој е најблиску до потпис со Партизан.